Математиката на Бислимоски: 200 ДЕНАРИ ПО СМЕТКА ЗА СТРУЈА НЕМАЛО ДА БИДАТ ЕКСТРА ПРОФИТ ЗА КОМПАНИИТЕ

Во јануарската сметка за потрошена електрична енергија која граѓаните ќе ја добијат во февруари нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа, информира денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

РКЕ го прави ова за да ги убедиме сите дека новиот надоместок нема да биде екстра профит за ниту една компанија. Едноставно, довербата која што треба да се гради помеѓу потрошувачите од една страна и операторот на дистрибутивниот систем од друга страна мора да ја промовираме и да ја зголемуваме и во таа насока уште еднаш потенцирам дека во јануарските сметки коишто граѓаните ќе ги добиваат во месец февруари ќе го нема надоместокот од 200 денари“, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека надоместокот е вкалкулиран согласно одлуката на РКЕ.

„Одлуката стапи во сила од 1 јануари. Во самите сметки веќе има потрошувачка која се однесува и на јануари и поради тоа го ставиле, значи не згрешиле, но за да ја зголемиме довербата во јануарската сметка ќе го нема тој надоместок за да знаат граѓаните дека никој не остварува екстра профити и тука да бидеме начисто. Тоа го правиме едноставно за да ја зголемиме довербата помеѓу потрошувачите и помеѓу операторот на електродистрибутивниот систем. Значи, не станува збор за никаква грешка“, прецизира Бислимоски.

Comments are closed.