Претепано четиригодишно дете од Струмица, во тешка состојба донесено во болница во Скопје
Девојчето во Клиниката е донесено на 17 јануари, но иако моментов е во стабилна состојба, др. Чолакова вели дека за него се грижат повеќе специјалисти од клиниката и дека сеуште е потребно интензивно лекување и следење на состојбата.
Четиригодишно девојче од Струмица, во тешка здравствена состојба потхрането и премрзнато со гангренозни рани на дланките и стапалата и со бројни рани и скршеници по телото било донесено во Клиниката за детски болести во Скопје информира Директорката на клиниката Валентина Чолаковска, пренесува Канал 5.
Мајката тврдела дека скршениците настанале по напад од куче кој се случил две недели пред приемот во болницата. Девојчето во Клиниката е донесено на 17 јануари, но иако моментов е во стабилна состојба, др. Чолакова вели дека за него се грижат повеќе специјалисти од клиниката и дека сеуште е потребно интензивно лекување и следење на состојбата.
-Девојчето беше во исклучително тешка состојба, потхрането, хигиенски запозтавено, со гангренозни промени на прстите на дланките и стапалата од премрзнатини, се забележуваа и бројни рани по телото Има фрактури коишто се видоа на компјутерот направен кај него и кои што се најмалку 2 недели стари, а кои што мајката потврдува дека се направени во тек на напад од куче. Под интензивна терапија е бидејки дојде во исклучително тешка состојба, со значајна потхранетост и бара големо вложување во секој поглед,- -Доц. Д-р Валентина Цвејоска Чолаковска.
Поради состојбата на девојчето, веднаш по приемот во клиниката биле известени надлежните од МВР, социјалните служби и Јавниот обвинител од Струмица, кој повикал судски вештак. Од СВР Струмица информираат дека детето на 17 јануари околу 1 часот по полноќ било донесено во Општата болница во Струмица, а потоа поради лошата здравствена состојба било префрлено во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Информираат дека истрагата е во тек и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, пренесува Канал 5.
-За настанот бил информиран инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Истрагата е во тек се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот ќе биде координирано ќе работат и СВР Скопје и СВР Струмица,- Александра Трајанова- портпарол СВР Струмица.
Минатата недела на скопските клиники почина 2 годишно девојче од Кичево, откако таму беше донесено со тешки телесни повреди и во коматозна состојба. Мајката тогаш изјави дека детето се повредило при пад при детска игра, но по смртта на девојчето, Обвинителството против таткото покрена истрага за кривично дело убиство, по сомненија дека станувало збор за семејно насилство.