Јакимовски: Христијан Мицкоски треба да остане претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Стевче Јакимовски во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за резултатите од изборите кои се одржаа на 15 јули и посочи дека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори победила во 39 општини и според него тоа покажува дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да си остане на својата позиција претседател на партијата.
-Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе му даде поддршка на Христијан Мицкоски. Оваа коалиција има победено во 39 општини за разлика од СДСМ што значи дека има и друг агол на гледање во оваа ситуација и мислам дека Мицкоски треба да си продолжи со работата и очекувам и дека Извршниот Комитет и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, потенцираше Јакимовски во своето гостување.