Стоилковски: Дали Ковачевски кога вели „има до трето колено вработувања од исто семејство во М-НАВ“ мисли на Љупчо Николовски?

СДС и ДУИ М-НАВ го претворија во дувло за вработување со најсуров партиски бандитизам. Премногу случајности не се случајни, како што вели Димитар Ковачевски, туку тоа е партизација, непотизам, кронизам односно корупција со вработувања во М-НАВ!, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе ве замолам да погледнеме едно видео.

Почитувани, кога Димитар Ковачевски вели дека во М-НАВ, цитирам “има до трето колено вработувања од исто семејство” дали при тоа мислеше на неговиот министер Љупчо Николовски?

Според информациите сега, во М-НАВ е вработен негов внук, а според признанието на самиот Николовски во 2018, таму се вработени и чичко му и братучед му!

Семејната фирма на СДС и ДУИ, М-НАВ, е претворена во дувло за партиски и роднински вработувања, зад коишто стои партискиот бандитизам.

Бујар Османи вработил сестра, Артан Груби- снаа, Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син, Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – вработил внук.

Јавноста памети од 2018 континуирано алармираме за партиски вработувања во М-НАВ, за:

– син на директор на социјалните фондови;

– внук на директор на телекомуникациски оператор;

– Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри;

– Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДС од Охрид, Лазе Танески,

– роднина на екс-министерот Горан Сугарески;

– за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет на екс-министерката Рената Дескоска.

Потоа, таму е вработен и синот на Стевчо Јакимовски, како и братучетка на екс- министерката Јагода Шахпаска од СДС.

Потсетуваме дека во 2018-тата информираа дека затоа што не прифаќаа и трпеа притисоци и беа сменети членови на комисијата во М-НАВ, се до вработувања на партиските кадри. Ама тогаш во М-НАВ не влезе трудова инспекција.

Почитувани, се случи бандитизам во М-НАВ затоа што партиските банди се научени агенцијата да служи за вработување на партиски кадри иако немаат врска со потребите на М-НАВ.

Од тоа на народот му се лоши и затоа, Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!, додава Стоилковски.