И по 10 дена нема обвинение против Дрин Ахмети?!
Поминаа 10 дена, а се уште нема обвинение против Дрин Ахмети, Обвинителството преземало дејствија. Иако беше фатен со 749 парчиња пиротехнички средства, чие вештачење веќе е завршено, скопското Обвинителство се уште не покренува постапка против внукот на Али Ахмети. А кога и воопшто ќе биде поднесено обвинение останува непознато.
-Во предметот постапува јавен обвинител и се преземаат дејствија, велат од ОЈО.
Вештачењето на пиротехничките средства пронајдени во џипот на младиот Ахмети е завршено уште пред пет дена, но сепак Обвинителството не презема ништо. Од овој случај раце крена и полицијата, Оливер Спасовски кажа дека си ја завршиле својата работа и ја топката ја префрли во рацете на обивнителите.
-Ние сме поднеле известување до Јавното обвинителство во однос на нашите сомненија, и по овој член(мислејќи на 396 од КЗ), меѓутоа треба да се земат во предвид, овие факти и докази кои што се, и врз основа на тоа, ќе ги донесе одлуките, изјави Спасовски во првиот ден од годинава.
За младиот Ахмети власта едвај сакаше да каже збор. Премиерот Димитар Ковачевски само кажа дека едноставно бил фатен при редовна полициска контрола.
Јавноста се уште не знае ни каде со лисици на рацете Дрин Ахмети беше спроведен со цивилно возило на полицијата. Три часа пееше во „Беко“, откако тигри во близина на старата скопска чаршија го фатија со полн гепек пиротехника од „ренџ роверот“ со албански регистарски таблички.
Инаку, името на младиот Ахмети стана актуелно кога за нула си доби 39 проценти од Трговскиот центар Соравија во Центарот на Скопје, чија вредност е проценета на повеќе од 30 милиони евра. Тогаш за оваа купопродажба на Дрин Ахмети не се заинтересира ниту полицијата, ниту Обвинителството.
Извор: ТВ Алфа