Фирмата за обезбедување со промет од 3 милиони евра годишно е на партискиот партнер на Ахмети објави Алсат

Кој стои зад безбедносната компанија „2SS Security“ која не реагирала во спречувањето на нападот на М-НАВ?!

Извори од М-НАВ посочуваат дека фирмата за обезбедување со промет од 3 милиони евра годишно е на партискиот партнер на Ахмети, пишува Алсат.

И покрај тоа што го доби тендерот за заштита на просториите на Акционерското друштво за контрола на цивилни летови во Македонија, вработените во „2SS Security“ дозволија неовластени лица да влезат во радарските канцеларии на скопскиот аеродром, каде што тројца контролори биле нападнати во работното време во четвртокот околу 15:15 часот,се вели во објавата.

Според информациите согласно Кривичниот законик, се очекува „2SS Security“ да сноси кривична одговорност за незаштита на објекти од национален безбедносен интерес, како што се набљудувачките простории на М-НАВ, каде што партиската поврзаност на нивните газди со шефот на Огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири ја отвориле рампата за да влезат два автомобили, се сомничи дека се уште 7 непознати лица кои дошле по налог на Беким Незири.

Телма денеска стапи во контакт со претставници на кичевската фирмата ангажирана за обезбедувањето на М – НАВ. Тие за Телма изјавија дека се задолжени само за главната капија. Вработениот кој вчера бил на смена и кој ја кренал рампата за да влезат насилниците во објектот тоа го сторил по одобрение на внатрешното обезбедување на М – НАВ.

Нашата обврска околу обезбедувањето е на самата капија. Внатрешното обезбедување ни кажа да биде крената рампата. Внатре во просториите има сопствено обезбедување, изјавило лицето кое дента било на работното место. Секогаш постапуваме професионално, изјави за Телма Самир Билбиловски генерален директор и сопственик на „2SS“.

Потврди и дека неговата фирмана по завршување на постапката повторно била избрана за обезбедување на објектот, договорот за продолжување на соработката го добиле но истиот се уште не бил потпишан.

Сепак истиот како што изјави за Телма ќе биде со важност од 29ти декември.