Беким Незири донесен пред судија на претходна постапка
Беким Незири и уште неколкумина други лица вечерва се донесени пред судија на претходна постапка, по вчерашниот упад во кулата на контролата на летање во М-НАВ, јавува Телевизија Телма.
Незири, кој е коориднатор на огранокот на ДУИ во Чаир, ја предводеше групата која вчера вербално и физички нападна контролори на летање.
Нападот беше пријавен во полиција вчера околу 15.15 часот дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Незири, кој инаку е вработен во институцијата, заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. – вработени во институцијата.
Нападот се случи по прес конференцијата која ја одржа Синдикатот на контролата за летање, кој обвини за наместени огласи за вработување, самоволие, индиции за финансиски злоупотреби и притисок.
Извор: Телма ТВ