ВМРО-ДПМНЕ – Дента кога Македонија брои 241 новозаразени, другарите на Заев полнат дискотеки со луѓе без дистанца и заштита
Зоран Заев и неговите пријатели и другари го загрозуваат здравјето на граѓаните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дента кога во Македонија броевме 241 новозаразени од коронавирус и 8 мртви дискотеки во Струмица сопственост на другарите на Заев се преполни со народ. Без маски, без дистанца, без никаква заштита.
Зоран Заев и неговите другари 3 години го загрозуваат опстанокот на народот економски, а сега го загрозуваат и неговиот живот и здравје, само за профит.
Заев покажа дека единствено важни му се парите и профитот, на него и на нему блиските луѓе.
Зоран Заев ќе биде единствен одговорен за понатамошното влошување на состојбата со вирусот.
Секој нов случај ќе оди на неговата совест.
Македонија страда, додека Заев брои профит“, се наведува во партиското соопштение.