Дел од маркетите работат и денес, Тренчевска: Државен испекторат за труд ќе проверува дали соодветно се платени работниците
Вчера отворени беа поголемиот дел од маркетите, а деенска само некои се одлучија да работат. Оваа препорака на нозе ги крена синдикатите и здруженијата според кои на овој начин се крши Законот за неработна недела. Дали надлежните ќе се откажат од препораката за божиќните празници, останува неизвесно. Министерката за труд Јованка Тренчевска за Канал 5 кажа дека тоа е препорака на Министерството за економија, но вели:
„Мојот став како министерка е дека државните празници се неработни за сите граѓани во државата освен за оние со закон каде е дозволено заради процесот на работа. Државен испекторат за труд е инспекцискиот орган кој врши надзор за исплатата на дневниците за време на државните празници и ќе проверува дали соодветно се платени работниците.“