Збогум Јовевски, И НИКОГАШ ДА НЕ НИ СЕ ПОВТОРИШ! Зад тебе остана рејтинг 3% и стотици нарачани прогони
Со заминувањето на државниот јавен обвиниел Љубомир Јовевски од таа функција, се очекуваат коренити, темелни промени во севкупните нивоа на обвинителството кое досега, дискретно преку Љубомир Јовевски беше под целосна контрола на неколкумина луѓе од извршната власт на СДС и ДУИ, пред се на Зоран Заев, министерот Маричиќ, Артан Груби, нарко мафијата, градежната мафија и неколкумина нивни блиски.
Преку извршителот Љубомир Јовевски, и десетици судии на сите нивоа, пред се во скопска Апелецаија, СДСМ и ДУИ го контролираа целосно обвинителствто и судството до таа мерка што угледот им падна до ниво на измамници и партиски активисти од четврти ешалон кои не ни прашуваат – зошто, туку само извршуваат и чекаат награда. Функции или кеш, како кој, или двете.
Затоа, довербата на јавноста во Обвинителството предводено од Љубомир Јовевски, а потоа уследи и кон судството кое се откажа од себе и остави обвинителите да судат, падна на навредливи 2-3% рејтинг! Срамно. За ова треба да се бара одговорност. Стотици луѓе прогонети по нарачка на СДСМ и ДУИ кои дефилираа под тортура на Обвинителствата и гледаа како во судница судат обвинтели а не судии, трпееа и трпат тешки последици од секој вид. Јавноста тоа го виде и даде оценка – 3% доверба за обвинитеите и сдуиите!
За тоа време обвинителите, па и судиите под нивни и владин притисок помогнат од “невладините организации“ на СДСМ и ДУИ немо гледаа и се обидуваа да го спасат своето работно место, а некои и финансиските интереси. Гледаа во судниците што ќе им посочи обвинителот, и се трудеа да стасаат до нивото на Авганистан и Иран. Само кај нив над 90% обвинети се осудени за виновни, кај нас беа и “појаки“ – нашите стасаа до 97% пресуди за вина од 100 обвиненија.
А, во исто време, од САД и ЕУ стасуваат пораки дека корупцијата и криминалот незапирливо растат затоа што се создава “атмосфера на неказнивост“! Казнети се 97% но, не се казнети вистинските криминалци. Заслугите за тоа се пред се на Љубомир Јовевски кој при толку скопски обвинители за предмети на СЈО и предмети за корупција на власта, како пожарот во Тетово, нарачува и делегира обвинители од други градови. Да не му избега контролата, работи само со “проверени кадри“.
За тоа време гледавме театар во истрагите, обвиненијата и “судењата“ за фалсификуваните пасоши, трговијата со дрога, Онкологија, запалените пациенти во Тетово, изгорените во автобусот во Бугарија кој ги превезувл без лиценца, кражбата на милиони од Еуростандард банка, корупциите во РЕК Битола, корупциите во здравстевниот сектор со крадење лекови, неизградени болници и провизии за вакцини, со неизградени автопатишта, лотарии, корупциите со платени а никогаш на време испорачани учебници, корупции од чиј попис може да се напише книга.
Стотици обвинители и судии го чекаа заминувањето на Јовевски како надеж за враќање на нормалниот живот за нив, и работа според закон и сопствена способност која е далеку над рејтингот од 3% – ако им се дозволи слободно да истражуваат и судат.
Власта пред СДСМ, која “шарената револуција“ ја урна на сила и без победа на избори може сега да се “пофали“ дека во време на минатата власт судството и обвинителството имаа доверба во јавноста, рејтинг, кој никогаш не паднал под 25% – со Љубомир Јовевски и неговите ментори – рејтингот падна на 2-3%. А со тоа падна и правосудниот систем. Диверзантот Јовевски замина во пензија, а архитектот на тоа системско уривање, Зоран заев, замина во калта на презрените.
А како беше мантрата на “шарените“: Да беше добро старото обвинителство немаше потреба да се формира СЈО?! Едно е што СЈО не се “формираше“ бидејќи со тоа се прекрши Уставот, туку се наметна како диво месо, казнена средновековна инквизиција без ничија контрола. Каде е сега СЈО?
Апсурдот на тоталитаризам отиде до таму што претседателот Стево Пендаровски објави план за комисија за помилување на затвореници во која член треба да биде – Љубомир Јовевски! Државниот обвинител со рејтинг 2-3%! Прво ги обвинува, а потоа токму тој ќе ги помилува затворениците… Секако, оние по избор на СДСМ и ДУИ би заслужиле помилувања. Колку во тоа родоскрнавење на државната институција учествувала животната сопатничка на сега пензионерот Јовевски, поранешната новинарка на МТВ Катерина Цаневска – на јавноста и е добро познато.
Како што и е позната и досега невидената ароганција и понижување на Собранието кое го видовме од Љубомир Јовевски, повикан пред пратениците да даде отчет. Тој им одговори дека нема што да им каже бидејќи “не се разбирале во правни и обвинителски работи“!!! Истите пратеници кои ги гласаат законите, и кои го избрале Јовевски за државен обвинител дири по трето гласање – бидејќи во првите две немал поддршка заради партиска склоност и нестручност.
А сега во живо...
Стотици обвинители и судии се радуваат на заминувањето на Љубомир Јовевски и шансата да и се вратат на струката и себепочитувањето, да го исперат срамот од својата професија и себе лично, да се вратат на својата интелектуална гордост… Но, дали и обвинителката во случајот на кардиохирургот Жан Митрев, Искра Хаџи Василева, спаѓа во нив или, жали што менторот на нарачаните обвиненија и судења, Јовевски, веќе го нема па судењето, за неа, станува незивесно?
Имено, заради големиот личен и професионален авторитет на Жан Митрев ова судење привлекува многу публицитет, но и шанса на дело да се види како изгледа “нарачан процес“.
Се суди под обвинение за имама на пациенти кои примиле хемофилтрација додека биле тешко болни, иако ја примиле по свои избор и одобрение од нив или семејството. Доказ – сведоци. Друг доказ во таа насока – нема. Тврдењето дека хемофилтрација била експериментална, а не стандардна метода во лекувањето, падна бидејќи истата се применува во Македонија од 2009-та година. Повод за истрага и обвинение – “допрен глас“ од една од “невладините“ под менторство на СДСМ. Мотив – да се притисне Жан Митрев затоа што не сака својата Клиника да ја продаде на сомнителен албански бизнисмен. Тоа е заклучокот од јавноста која има можност да го следи судењето.
А судењето оди вака: Сведоците велат дека лично не сметале дека се измамени се додека обвинителката, на колективен собир, не ги мотивирала и им ја прочитала наредбата за истрага. Од над 500-600 пациенти со хемофилтрација, едвај 15-тина ги прифаќаат сугестиите и насоките на обвинителката која и пред средбата со нив има готов, однапред спакуван заклучок, а сведоците и се само за потврда со своето “бројно стање“.
На судењето го гледаме она што е горе наведено: суди обвинител а не судија. Иако според ЗКП, а особено по барање на одбраната, обвинителот треба јавно, на снимка презентирана пред сите да ги покаже писмените докази и да ги прочита како и да објасни зошто се битни и заради кои околности… тоа не се случува. Така бара обвинителката, така прифаќа судот. Обвинителката не презентира и не чита докази туку раскажува за докази кои не се гледаат пред судот, туку се посочуваат од која папка, од кој кластер се… па кој сфати – ќе разбере, кој не – тогаш не се разбира во медицина.
Проблемот што се јавува и прашањето кое се наметнува: медицина не разбира ни обвинителот ни судот, ни сведоците кои се тука за да се изборат за пари што очекуваат да им ги врати Жан Митрев од лекувањето, медицинските детали се работа на вештаците и доказите кои се кријат. Прашање е дали обвинителката и судот се разбираат во Законот за кривична постапка? Секако дека се разбираат во ЗКП, тогаш зошто не го применуваат? Е, тоа е прашање од милион долари.
Другите обвинители и судии имаат основана причина да се лутат на своите колеги од ова, и од другите вакви судења. Заради нив го јадат срамот и притисокот од јавноста, имаат срамен рејтинг и губат самодоверба и авторитет, а бенефит имаат само тие што се дел од ваквите судења.
Малкумина обвинители би покренале вакво обвинение, а уште помалку судии би суделе на овој начин ваков процес. И тоа за измама, а не за еветуална лекарска грешка при лекување, бидејќи ја нема. Измамата подразбира исплата на пари за сведоците, а без тој мотив – нема сведоци.
Обвинителството на последното рочиште презентираше дел од материјалните докази со кои се побива обвинението. Обвинението за Жан Митрев се однесува за сторена измама со доведување на пациентите во заблуда, дека биле заведени дека хемофилтрацијата е лек против Ковид 19. Во време кога цел свет зборува и знае дека таков лек – нема, се лекуваат компликациите од Ковид 19!
И во презентираните докази се гледа дека Жан Митрев јавно кажува дека хемофилтрацијата помага, но не може секому да помогне. Како што, впрочем, ниту еден лек на светотов не е супермоќен во секоја прилика.
Во еден од доказите, во емисија „Само вистина“ емитувана на 12.12.2020 на Канал 5, Митрев кажува: Група пациенти кои ги преземаме од други болници и многу пациенти кои непотребно се третирани со многу антибиотици, таа група пациенти е најтешка група и каде што веќе не хемофилтрација туку што и да правите е веќе толку напреден процесот, ние во добар дел тие луѓе ги стабилизираме, метаболно и со сите други параметри, но штетата направена на плуќата и поготово во однос на активираниот процес на коагулација е буквално невозможно да го поправите“.
Обвинителството не го презентираше доказниот материјал во целост каде што Жан Митрев понатаму во емисијата вели: Јас не велам дека секој пациент ќе го ставиме на филтер и тоа е чаробното стапче, меѓутоа кај огромен број тоа е единствената шанса да им се помогне.“
Иако на претходното рочиште, на обвинителката судот и нареди сите докази да се читаат во целост заради запазување на начелото на непосредност и почитување на Законот за кривичната постапка – член 392 став 4, сепак на последното одржано рочиште ова не беше сторено и доказите се презентираа парцијално.
Приказната продолжува. Дали физички отсутниот Јовевски со неговиот дух и неговиот методот на зомбирање, градење систем на извршители во обвинителството и судството во овој, но и не само во овој поцес, ќе продолжи да го демонтира правосудсниот систем е одлука на самите обвинители и судии која ќе ја видиме преку нивното однесување во иднина.
Ако видиме промени, има шанса и за нив и за сите граѓани. Ако останат по старо, не им бил виновен само Јовевски и неговите сојузници, туку тие самите се согласиле да се поништат и самоуништат, а тука друг спас нема, освен со смени од коренот на правосудството па се до врвот со мапирање на дестина кои се предводници во тој процес.
Извор: Вечер