„И на Токсикологија се вработува дете на директор – стана пракса директори да си ги вработуваат децата на Клиниките кои се претворени во партиски дувла“
Продолжува праксата за вработувања на цели семејни стебла во клиниките, а тоа станува се поизразено како што станува се поизвесен падот на оваа ненародна власт, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
И НА ТОКСИКОЛОГИЈА СЕ ВРАБОТУВА ДЕТЕ НА ДИРЕКТОР – СТАНА ПРАКСА ДИРЕКТОРИ ДА СИ ГИ ВРАБОТУВААТ ДЕЦАТА НА КЛИНИКИТЕ КОИ СЕ ПРЕТВОРЕНИ ВО ПАРТИСКИ ДУВЛА ИЛИ ВРАБОТУВАЊА БЕЗ КРИТЕРИУМИ
Продолжува праксата за вработувања на цели семејни стебла во клиниките, а тоа станува се поизразено како што станува се поизвесен падот на оваа ненародна власт.
Кога станува збор за децата на актуелни и претходни директори и функционери на оваа Влада инстантно се вработуваат што е можно повеќе свои партиски кадри и децата на функционери и директори.
По вработувањето на ќерката на Мира Дизел, преземањето на синот на директорот на Клиниката за урологија на истата клиника и вработувањето на ќерката на директорот на Офталмологија во ГОБ „8 Септември”, последниве денови и на Клиниката за токсикологија илма се случува слична ситуација со изразени непотистички елементи.
Директорот на Клиниката за токсикологија кој е матичен лекар. по струка општ лекар распишува конкурс за прием на лекар. Потоа дава отказ од директор и конкурира на конкурсот што самиот тој го распишал, иако нема просек за на Клиника.
Согласно информациите од компексот клиники, актуелниот директор кој прифаќа да биде преоден директор очекува за возврат вработување на својот син, исто така доктор и исто така без просек, односно не испочнува услови.
Оттука треба да се даде одговор на неколку прашања.
Прво, ова ли се тие натпартиско – експертски кадри чие омилено хоби им се партиски вработувања и вработувања на цели фамилијарни стебла?
Второ, ова ли се истите што наводно беа згрозени и „се бореа” против партизација која сега на големи врати грубо ја спроведуваат притоа затворајќи цели оддели по болниците низ државата токму заради недостиг на специјалисти и неводење сметка за медицинскиот кадар континуирано во еден подолг период.
Владата на СДС-ДУИ е учесник во егзодусот на медицински кадар кој продолжува да си заминува од јавното здравство токму поради ваквите случаи на вработување на партиски кадри.
Поради овие огромни штети кои ги нанесуваат на здравствениот систем ќе бидат казнети на изборите и здравствениот систем итно ќе биде рестартиран како највисоко рангиран приоритет на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.