На лето базен, на зима забава и музика во живо за затворениците од тетовскиот затвор

На лето базен за разладување, за празниците украси, благодарници и новогодишна забава имаат затворениците во затворот во Тетово. За тоа каква беше атмосферата во дворот на затворот на социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа пејач со микрофон, трпеза со пијалаци, веселење.

Фотографии од забавата објави и управителот на затворот Ќефали Хавзиу.

Успешно реализирана културно-уметничката програма во Затворот Тетово посветена за крајот на успешната година, особено им се заблагодаруваме на секторот за ресоцијализација и обезбедување, ресторанот ВИТААБИ-Гостивар, познатата етно група од Тетово со изведувачите Џемал, Дашмир и Бесарт, тапаните од Тетова како и почит кон осудените лица за нивното примерно однесување , напиша Хавзиу на сите Фејсбук постови од денешната атмосфера.

Тој на дел од затворениците им додели и благодарници на кои пишува дека се за особен придонес во затворот.

Пред неколку дена тој објавил и од новогодишните украси кои се поставени во дворот на затворот.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.