Вања Ѓорчевска е убиена со истрел од огнострелно оружје во глава, покажа обдукцијата
Вања Ѓорчевска е убиена со истрел од огнострелно оружје во глава, покажува извештајот од обдукцијата на Судска медицина, дознава „Скопје1“ од свои извори од Судската медицина.
Според официјалните податоци кои ги соопштија институциите врз основа на сознанијата и исказите од осомничените кои признаа вина, од киднапирањето до убивањето на девојчето, поминале два саати и 40 минути.
„Скопје1“ дознава и дека снимките од надзорните камери ги потврдиле дел од исказите на тројцата осомничени кои признаа вина – Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Предмет на анализа се и снимки од наздорни камери, а се анализира и телефонот на Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска за да се утврди вистинитоста на исказот дека Ѓорчевки му го открил движењето на Вања на осомничениот организатор и реализатор на убиствата Љупчо Палевски-Палчо.
Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планер, организатор и реализатор на убиствата на Ваља Ѓорчевска и Панче Жежовски. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.
Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.