„Толку за денеска, кој влегол влегол“: МВР ги затвора вратите своеволно, граѓаните не можат да си ги земат изработените пасоши
„Толку за денеска“, вели полицаецот кој ги чува затворените врати на Одделението за издавање лични докумети на МВР во зградата на МТВ. „Тие што влегле, влегле“ вчера и денеска им ги тенчи и онака веќе истенчените нерви на повеќе стотини граѓани кои дошле да си ги подигнат документите со „cеверна“.
Работното време важи за некого, но не и за службите за издавање лични документи на МВР. Иако одделението за подигање на изработените пасоши треба да ги затвори вратите за странки во 20 часот, тие се под клуч без најава пред истек на работното време, а светилките изгасени уште во 19:15 во работен ден, односно во 18:15 во сабота.
Граѓаните се изреволтирани, а уште повеќе ги револтира тоа што со закани уапеваат да ја „отворат“ вратата.
Со бремена жена доаѓам два дена пред крај на работно време со цел да ја избегнам гужвата која ја чекавме изминатите денови и ми велите кој влегол, влегол, вели жител на Скопје, кој заедно со сопругата се турка во гужвата. Набрзо, вратата се отвори. И не ми е револтот за човекот, жал ми е и за жената, но што да правиме ние кои не сме бремени. Да забремениме за да дојдеме на ред?! Не разбирам, сведочи скопјанка, која и вчера, но и денеска останала без можност да си го подигне пасошот.