„Граѓани НА МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЧЕКААТ ЗА ДОКУМЕНТИ, вистинската слика за неспособноста на владата“

Редиците зад мене се резултат на неспособноста на Оливер Спасовски и на Владата на СДС со ДУИ, кои што се неспособни да овозможат граѓаните на достоинствен начин да извадат лични документи! И не случајно сме вечерва тука на импровизираниот пункт на МВР, каде што на минусни температури граѓаните се подложени да чекаат во редови надвор за да извадат лични документи.

Ова го изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски пред пунктот на МВР за издавање лични документи.

– А, иста ваква слика со метеж и редици е и во пунктот во МТВ за издавање. Јавноста мора да ја види вистинската слика за неспособноста на Оливер Спасовски, МВР и Владата на СДС. Ова е срамно, ова е сликата за владеењето на СДС и ДУИ, редици за документи. Ниту централата за закажување им работеше, ниту центрите за фотографирање им работеа на време, ниту сега имаат воспоставен систем за издавање на документи. Со еден збор – безредие, потенцира тој.

Според него  МВР наместо да воведува ред, е извор на безредието во Македонија, несигурност и создава проблеми на граѓаните!

– Ако се сака за се има решение. Но, тоа во случај ако се не мисли на тендери и на криминал. СДС мора да поднесе одговорност, а народот ќе ја испорача сметката за малтретирањето на следните избори, изјави Стоилковски.