„ГРУБИ НЕ ДАВА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИМОТОТ, наоѓа начин да ја изигрува Антикорупциска“

Антикорупциската комисија се уште не добива информации од вицепремиерот Артан Груби за неговата имотна состојба, предмет кој го отворија откако беше запалено возилото кое го возеше тој, а за кое тврдеше дека му било дадено на користење од пријател. Оваа информација во интервју на А1он ја кажа претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, која вели дека досега Груби наоѓал начин како да ги изигрува.

Ние работиме еден предмет поврзан со министерството за политички систем. Бараме информации од ова министерство од него. Фактички предметот содржи повеќегодишна анализа како се движи еден тренд во државата, на вработување особено. Од ова министерство бараме информации, не ни ги доставува, не изигрува на некој начин, не ни било писмото двојазично, па не знам, од небитни работи сака да направи дека нешто не се испочитувало. Ете, му доставивме и двојазично писмо, изјави таа.

Ивановска доаде дека кога некој прави проблем, ќе го прави секаде каде што има.

За него работиме проверка на имотна состојба, му бараме кој живее во неговото семејство, кажува не сте ми доставиле двојазично. Бараме од друг функционер на ДУИ исто така се проверува имотна состојба, јасно и гласно си пишува човекот, еве ги моите членови. Кога некој сака да прави проблем, секако ќе прави проблем. Ние ќе ги обелодениме сите работи кои што биле поврзани со институцијата која тој ја раководел, кога сме побарале документи, каков одговор сме добиле, дали сме добиле одговор, како ние сме постапиле. За се имаме документи, така што јавноста нека си цени, вели Ивановска.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.