УАПСЕН СКОПЈАНЕЦ КОЈ ГО ВОЗЕЛ ПАЛЧО ОД БУГАРИЈА КОН ГРАНИЦАТА СО ТУРЦИЈА – еве ги деталите

Уште едно лице упасено вечерва во врска со киднапирањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска.

Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција).

И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор, информираат од Обвинителството.

Во конкретниот случај, постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, со оглед на околностите за видот и карактерот на делото, запретената казна и последиците од истото.