Ослободен е единствениот осомничен за убиствата во „Шиша бар“ во Скопје
Мажот (31), осомничен дека учествувал во пукотницата што се случи во март во кафулето „Шиша бар“ во Скопје, во која беа убиени две лица, е ослободен од сите обвиненија, потврдуваат од Обвинителството.
Ова е лицето кое го увезе автомобилот „ауди“ со кој убијците побегнаа од местото на злосторството откако убија две лица, а третото го повредија.
Возилото што го користеле убијците било оставено на подвозникот на пат кон Мирковци.
Засега е познато дека убијците биле облечени во црна облека, а кога влегле во локалот почнале да викаат како да е полициска рација. Кога ги нашле целите, на вториот кат од локалот, почнале да пукаат и побегнале.
На лице место загинале Ј.К и Е.И, додека третото лице е рането.