Како изгледаат СКОРО 2 МИЛИОНИ ДРЖАВНИ ЕВРА
Фирмата Еуровиа инаку спонзор на ДУИ доби на тендер 1,8 милиони евра за пренамена на салата Борис Трајковски во конгресен центар за состанокот на ОБСЕ.
Завеси, столови, маси, микрофони, цвеќиња и уште други работи се тоа што Еуровиа го сработиле за парите.
Мултифункционалната сала „Борис Трајковски“ го доби ликот на центар на Министерскиот совет на ОБСЕ, информира министерот и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.
Следејќи ги строгите критериуми на ОБСЕ за организација на овој високопрофилен настан, Османи појаснува дека преземени беа сите логистички и административни аспекти со кои се гарантира одржување на состанокот на министри на земјите-учеснички на ОБСЕ на највисоко ниво.
-Целосната пренаменетата на салата „Борис Трајковски“ во конференциски центар, која траеше повеќе од три месеци, е подготвен да ги прими делегациите на 76 земји, 57 земји-ученички на ОБСЕ и земјите од Медитеранската и Азиската група партнери за соработка или повеќе од 1000 претставници на светската дипломатија, посочи Османи.
Како се одвиваше трансформација на салата „Борис Трајковски“ за потребите на Министерскиот совет на ОБСЕ погледнете .