Власта се исплаши од белите мантили, по најавениот протест за утре бара двојна евиденција за присуство на работа
По најавениот протест на вработените за здравството, Здравствен дом Скопје презема мерки.
Надлежните уплашени од протестот и масовност на истиот издадоа наредба за двојна евиденција. Или секој вработен освен електронски кога пристигнал на работа и кога заминал, ќе мора да стави и потпис и во тетратка.
Вработените кои сакаат да останат анонимни коментираат кратко дека ситуацијата е исклучително лоша од секој аспект и додаваат дека овој чекор е резултат само на најавениот протест.