Прогласена опасност на Исланд: Регистрирани 900 земјотреси, се очекува ерупција на вулканот

Околу 900 земјотреси денеска го погодија јужниот дел на Исланд, а земјата се подготвува за можна вулканска ерупција.

Речиси 4.000 луѓе беа евакуирани во текот на викендот, бидејќи властите стравуваа дека стопениот камен ќе се издигне на површината на земјата и потенцијално ќе погоди крајбрежен град и геотермална централа, пренесува Ројтерс.

https://twitter.com/WxNB_/status/1724076210311791005?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1724076210311791005%7Ctwgr%5E9f082aac4a30e3be25228341a3b10ef7c667018a%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fworld%2Fproglasena-opasnost-registrirani-900-zemjotresi-se-ochekuva-erupcija-na-vulkanot%2F

„Сега сме во огромна неизвесност; дали ќе има ерупција и каква штета ќе се случи“, рече Метју Џејмс Робертс, директор на одделението за истражувања во Исландската метеоролошка агенција.

Жителите на градот Гриндавик опишаа дека биле принудени да ги напуштат своите домови во раните утрински часови во саботата, бидејќи земјата се тресела, патиштата пукнале и зградите претрпеле голема штета.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.