„Вакво неработење, А ЗЕМАЊЕ ПЛАТА НЕМА НИКАДЕ, администрацијата е во функцијата на одржување на власта“

Универзитетскиот професор Борче Давиткоски за „Студио 10“ вели дека како и претходните извештаи на ЕК така и овој е негативен по однос на напредокот на реформите во јавната администрација.

Според него, за ваквата состојба постојат повеќе причини, но основните се дека не постои вистинска волја за спроведување вистински реформи во оваа сфера. Кога вели волја, пред се Давитковски мисли на политичката волја од носителите на пред се на извршната власт која треба да биде носител на промените/реформите на јавната администрација која е под ингеренциите на извршната власт.

-Поради целосната партизација на јавниот сектор, не постојат и кадри кои би можеле да бидат носителите на реформите. Нестручни и некомпетентни државни службеници не можат да спроведуваат никаква реформа во своите ресори. Вакво неработење, а земање плата никаде не постои во светот. Нашата администрација не е во функција на сервис на граѓаните туку во функцијата на оддржување на власта на коалициските партнери, критикува соговорникот, додавајќи дека нема ниту напредување, ниту назадување во овој процес. – тврди Давитковски.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.