ДУИ се премисли: Музејот во Сопот не е музеј на УЧК – си го граделе селани

Музејот во Сопот не е музеј на УЧК, рече денеска Министерот за надворшени работи Бујар Османи прашан дали станува збор за дивоградба и дали овој музеј се наоѓа на државно земјиште како што објави општина Куманово.

„Според моите информации, прво не се работи за музеј на УЧК, како што беше претставен, туку музеј кој што одбележува настан од 1944 година кога се убиени селани од Сопот во 44 година, господинот Ахмети беше таму како поканет гостин, така што сите прашања треба да ги упатите до организаторите, како што тие велат, тоа е семејно земјиште, семејството тоа го изградило за да ги одбележи соселаните, но ние немаме никаков удел во тоа, таму бевме поканети.“ – се оправдуваше денеска Османи.

Но, новинарите го прашаа, зошто тогаш целиот музеј бил со иконографија на УЧК на што Османи само го повтори одговорот.

„Тоа е музеј кој што одбележува убиство на 60тмина селани на Сопот во 1944 меѓутоа беше погрешно претставено како музеј на УЧК“ – рече Османи.

Сител, вчера објави дека по сликањето на Ахмети, плочата со карта на голема Албанија и потпис на УЧК била тргната од музејот, што веројатно оди во насока на изјавата на Османи дека тоа нема да биде музеј на УЧК.

Интересно е дека самите функционери на ДУИ првично се фалеа со оваа посета на Ахмети на која можеше да се види дека и неговата слика се наоѓа во музејот кој целиот беше со знамиња на УЧК.