Тасевски до Ковачевски: Му бегате на психијатарот од часови? Таче вие не можете ништо да купите, зашто сте докажани распродавачи
Актерот Сашо Тасевски ја искоментира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој демантирајќи дека Грци сакаат да го купат МЕПСО, рече: „Доколку тие сакаат да купат дел во некоја наша компанија тогаш и ние сме заинтересирани за купување на солунското пристаниште“.
„Онаа дилајлана од СДС, завчера рече откако ќе им дадеме се на Бугарите и влеземе во ЕУ, тогаш на маса ние ќе сме ги уценувале. Ние ќе сме им поставувале барања. Какви ма? Ќа ни остане само главчето внатре? Како тоа? Треба да знаеш, голема си, дека таа работа нема рамења. Си влага до крај. Дали го знаете вие во СДС германскиот фудбалер Руди Фелер? Епа вие сте само Фелер. Таче вие не можете ништо да купите, зашто сте докажани распродавачи“, напиша Тасевски.
Актерот додаде: „Автопат 50 км не можат да направат, пристаништето во Солун ќе го купувале!? А новиот клинички каде е? Седиштето на Гугл? Што ви е проблемот бе? Му бегате на психијатарот од часови? Ви ја згрешил терапијата. Заев ве црпнал од нива со бостан? Или глупи сте напраени?“.
Претходно, премиерот Димитар Ковачевски како лажни вести ги оцени тврдењата дека се планира продажба на дел од Македонскиот електропреносен систем оператор – МЕПСО.
На посочувањето дека информација за продажба на МЕПСО на Грчкиот електропреносен систем оператор доаѓа од грчките медиуми, Ковачевски рече дека тие имаат своја стратегија и може да имаат стратегија како што можеме да имаме и ние.
-Доколку тие сакаат да купат дел во некоја наша компанија тогаш и ние сме заинтересирани за купување на солунското пристаниште, истакна Ковачевски.