Ќерката на Мира Дизел вработена во ГОБ „8 Септември“, болницата станува дувло на партиски кадри на СДСМ
На огласот за вработување во ГОБ „8 Септември“ вработенa е ќерката на пратеничката Мира Стојчевска, познатата како Мира Дизел. За вработувањето на Александра Стојчевска сведочат вработени во ГОБ, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Вработените прашуваат дали ГОБ „8 Септември“ наместо да вработува квалитетни кадри, станало дувло на партиските кадри на СДС.
Во период во кој Владата на СДС-ДУИ го урна здравствениот систем со ова директно ги демотивира младите кадри со праќање вакви пораки за вработување на партиски кадри. Со ова Владата на СДС-ДУИ е учесник во егзодусот на медицински кадар кои продолжуваат да си заминуваат од јавното здравство токму поради ваквите случаи на вработување на партиски кадри“ – велат од партијата