Мачно е да се гледаат оное што скокаа на Ладата како сега ја уништуваат правдата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на денешниот настан по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба и 130 години ВМРО, насловен „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“, истакна дека: Одвратно и со мачнина е за гледање е сликата со која ја уништуваат правдата, и тоа оние кои скокаа на Ладата (од “Шарената ревилуција“) и збореа за правда кога беа опозиција.

Мицкоски потенцираше дека во овој момент во Македонија нема вистинска одговорност и овие 30 години не одговарал ниту еден бандит кој на грбот на овој народ се збогатил.

– Судиите од тефтерчињата станаа нивни слуги, но само треба да знаат, гледајќи ја нивната лукавост, дека нема во новата влада на доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ да најдат нова прегратка, туку и тие ќе се соочат со правда. Може криво да седат, ама требале право да судат. Срамот и вината за секоја неправда е на оваа власт, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека затоа важно е да се бориме за неселективна правда, за вистинска правда која ќе биде за секого.

Во чест на денот на македонската борба за самостојност, и ден на ВМРО, претседателот на партијата Христијан Мицкоски посочи низа настани и активности на ВМРО низ историјата кои се континуитет за подоцнежното создавање слободна и самостојна Македонија.

Мицкоски истакна дека ова е само мал дел од историските настани врзани за организацијата која го одбележа слободарското движење на Македонците.

-И оваа организацијата ни припаѓа нам, исто колку и на секој друг Македонец. И навистина со мачнина гледам кога вакво една македонска историска драма од која речиси секој сосед сака да приграби малку, помалку срамежливо се одбележува овој ден од страна на официјалните власти. И тука не се работи за некоја голема промисленост или стратегија, туку ситнодушност која не им дозволува да видат дека ВМРО е на секој Македонец. Секако дека тоа нивно однесување не е репер, затоа што тие и од асномското партизанско движење се откажаа, но во историјата и за нашата нација важно е да се запази историскиот континуитет на нашата борба и лулката на организираната борба која несомнено произлезе од оваа организација. ВМРО секогаш обединувало, леви и десни, сиромашни и богати, интелектуалци, земјоделци, работници. Таа била поголема од секој поединечен интерес. Имала и добри, но и сурови водачи. Имала и братубиствени борби, но и големи херојски подвизи против поробителите. Таа и тогаш кога делувала жестоко имала за крајна цел слобода на Македонија. И денес никој нема право да става рака и да си присвојува делови од оваа организација прикажувајќи ја за исклучиво своја, особено не некој од соседите и особено некој одвнатре да фрла стигми и да развива стереотипи. Чувството кое сакаат денес да го наметнат на мал и обесхрабрен народ, на луѓе кои мора да молат за својата иднина е само сликата со која сакаат да го скршат нашиот непоколеблив дух кој победувал многу поголеми предизвици и се издигал над многу поголеми ужаси, рече тој.

Мицкоски испрати ваќна порака дека ако не си ги почитуваме нашите предци, нашето минато и историја тогаш не можеме да одиме напред.

„Ќе прашаат каде се хероите и паметниците на овој народ? На само 50 метри одовде е музејот Музејот на македонската борба за државност и самостојност-Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим кој оваа власт го преименува, но тој независно од името во себе ја носи пораката за Македонија и ова историско наследство. Таму меѓу тие ѕидови ќе ги најдете Ѓорче Петров, Гоце Делчев, Дамјан Груев, Александров и мнозина синови на оваа организација кои се историско наследство на нашиот народ. И наместо ова благо каде всушност се наоѓа на едно место духовниот и историски раст на нашиот народ, каде се наоѓа и Декларацијата за независност на Република Македонија да се развива и унапредува, оваа иста власт тотално го заборави, го маргинализира и си поигрува со она што е наследено за секој еден Македонец.

Ако не си ги почитуваме нашите предци, нашето минато и историја тогаш никако не можеме да одиме напред. Кога дојдоа на власт во таа колективна хипноза на уништување и прогон каде се колнеа во слоганот кој не само што не го спроведоа туку и самите си го испоганија, нема правда нема мир, воведоа едно колективно беснило и лудило на деструкција каде мораше да се избрише секоја трага на тоа управување, каде не велам дека немаше пропусти, но имаше премногу добри работи кои се направија и оставија и кои природно му припаѓаат на овој народ и на Македонија, порача Мицкоски.