Полицајци се принудени ДА ЧИСТАТ ВЦ ШОЉИ, ДА ЧИСТАТ ЃУБРЕ, тврдат од синдикатот
Синдикатот на македонската полиција информира дека полициски служебници добиле задача да се грижат за хигиената во службените простории по организациските единици за време на извршување на своите работни задачи.
„Поради битка за тендер во Министерството за внатрешни работи, полициските службеници се принудуваат да чистат ѓубре, ВЦ шољи и секој ден да рибаат тоалети или речено од почетокот на октомври 2023 година за време на своите работни задачи во работното време им се наредува да земат крпи, метли и џогери со кофи и да се погрижат “колку толку” за хигената на службените простории по Организациските единици насекаде во Министерството.
Имено поради прекинат договор на фирмата за чистење и одржување “хигиена” на сите објекти во МВР, додека траат надмудрувањата од кој да го земе тендерот, ѓубрето и нечистотијата нов проблем и нова мака за вработените во МВР, особено сега и од очекувањето на појава на заразни голести и кои можат секој момент да започнат да се шират додека се мерат силите односно се чека да победи појакиот за некому фаворит.
Бараме од Министерот за внатрешни работи итно надминување на создадениот сериозен проблемкој е настанат поради битките за профит.
Состојбата е крајно лоша со хигиената и истата станува алармантна бидејќи е доведена во прашање Здравствената безбедност на вработените во МВР.
Да го потсетиме врвното раководство на МВР од дека поради тендерски расчистувања и препукувања за финансиски интереси произлегува негрижа за здравјето на работниците, затоа прекинете го создадениот хаос и престанете да го прекршувате Законот за заштита од вознемирување на работното место кој гласи :
Забранет е кој било вид на вознемирување на работно место, како и злоупотреба на правата на вознемирување на работно место, бидејќи вработените како полициски службеници немаат во своите работни задачи обврски да го чистат ѓубрето и да рибаат тоалети во МВР!
Запрете ги понижувањата и мобингот над вработените, најдете итно решение за хаосот кој е настанат од прекинатото одржување на хигиената поради борбата за тендер клининг сервис“, соопшти претседателот на Синдикатот на македонската полиција, Дејан Саздов.