Израелска армија: Експлозијата во болницата во Газа е предизвикана од неуспешно лансирање на ракета на Хамас

Прелиминарната истрага на израелската армија (ИДФ) покажа дека денешната експлозија во болница во Газа, во која, според Палестинците, загинале најмалку 500 луѓе, била предизвикана од неуспешно лансирање ракета од страна на милитантната група Хамас, пренесува i24news.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска прогласи тридневна жалост низ Палестина поради нападот на израелските сили врз болницата Ал Ахли во Појасот Газа.

Хамас рече дека нападот на болницата е „воено злосторство“, и дека таму се сместени стотици болни и ранети луѓе и луѓе насилно раселени од своите домови.

Во соопштението на Хамас се наведува дека стотици луѓе се уште се под урнатините.