Николоски : ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прегази власта и на претседателски и на парламентарни избори- ако ги раздвојат СДСМ ќе има проблем да најде 20 луѓе за на листите
ВМРО-ДПМНЕ ќе освои повеќе од 61 пратеник, но ако се во прашање актуелните преставници на власта тие секој ден размислуваат на инженеринг. Ние имаме неприродна ситуација во која што најлогичната работа во Македонија е прашање на политичка дебата. Најлогична работа е да имаме парламентарни и претседателски избори заедно, затоа што крајните рокови и на едните и на другите избори разликата е помала од два месеци и нема логика во држава со економски перформанс како Македонија вие два пати да трошите пари. Тоа сега е главно размислување на актуелнава власт во пропаѓање, како да направат избори во разлика од месец и пол, а ќе ги изгубат и едните и другите, ама ќе го гњавиме народот да биде Македонија во кампања 5 месеци- изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Алерксандар Николоски на гостувањето на радио лидер.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред власта и без разлика кога и како ќе се одржат изборите владеачките партии ќе бидат “прегазени“.
-Инаку ќе прегази ВМРО-ДПМНЕ и на парламентарни и на претседателски избори. Јас се надевам дека ќе бидат споени. Доколку решат да ги раздвојат, на парламентарните избори ич нека не поднесуваат листи, ќе нема кој да им се нафати. Така драматично ќе изгубат на претседателски избори, така што мислам дека нема да може да најдат по 20 луѓе на листа да им се нафатат да бидат, рече Николоски.
Според Николоски на овие избори не е прашање да се порази СДСМ, туку да се порази ДУИ, а за тоа да се случи треба да има референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи поддршката за помалите партии или неизлегувањето е глас за СДСМ и ДУИ.
-ВМРО-ДПМНЕ е столб на македонскиот народ. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е силно, силна е и македонската држава, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е слабо, слаба е македонската држава и позицијата на македонскиот народ. Глас за помали политички партии, глас за луѓе кои што ја гледаат политиката како егзибиција е директен глас за ДУИ и за СДСМ. Како и останувањето дома и тезата , мене политика не ме интересира, е исто така глас за ДУИ и за СДСМ. Лошите политичари ги бираат луѓето кои што не излегуваат на гласање. СДСМ да падне е помалиот проблем, поголемиот проблем е ДУИ да падне, а за да падне ДУИ треба ВМРО-ДПМНЕ да има убедливо мнозинство во собранието и тоа се постигнува со референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, заклучи Николоски.