Според министерот ВРЗУВАНОТО ДЕТЕ во Демир Хисар било лекувано според сите протоколи

Првиот човек во здравството, Фатмир Меџити информира дека детето со аутизам било лекувано според сите протоколи што ги даваат експертите по психијатрија.

Ова следува по реакцијата на родителите околу начинот на кој било третирано нивното дете во психијатриската болница Демир Хисар.

На социјалните мрежи вирално се споделуваше потресно сведоштво на една мајка, која ги обвини лекарите дека нејзниото дете со аутизам го малтретирале и врзувале во психијатриска установа.

Момчето по телото имало видливи рани. Пет седмици било хоспитализирано во болницата, а таму било за опсервација, за да се адаптира на терапијата.

Поплака има за третманот на лице со аутизам во болницата во Демир Хисар. Мајката на 17-годишно момче, Салка Абдуловска за „Слободен печат“ вели дека нејзиниот син бил врзуван во Психијатриската болница Демир Хисар. Момчето по телото имало видливи рани. Тоа 5 седмици било хоспитализирано во болницата, а таму било за опсервација, за да се адаптира на терапијата.

„Го држеле врзан, со синџири. Кога го земавме дома низ целото тело имаше рани. Ние го однесовме за опсервација, да му се погоди терапијата. Не го однесовме да го малтретираат детето. И не знаеме што се случува таму. Хоспитализиран беше 5 недели. Ни велеа да го извадиме надвор, но ние знаевме дека треба да се смири и тогаш да го земеме дома. Ѕвоневме, прашувавме и се консултиравме со докторите. Тие самите ни рекоа дека поради личната безбедност на син ми мораат да го држат врзан. Како велам, врзан?“, раскажува Абдуловска.

Тука ја пренесуваме и реакцијата на пеачката Ребека која го обелодени овој случај.