Мицкоски: Ако Ковачевски не се согласува со својот закон за амнестија, нека си даде оставка – како ќе пуштаат затвореници од „Монструм“?
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување емисијата Клик плус зборуваше за законот за амнесија и рече дека ако некој не се согласува со овој закон нека каже и нека си даде оставка.
-Нечесно е да рониме крокодилски солзи во јавност, а ништо да не превземаме и да уживаме во привилегиите на функциите. Повторно ќе кажам ако јас со нешто не се согласувам заминувам, гледам дека не можам да променам, се борам, гледам дека не можам да сменам заминувам. Ако останам тогаш правам двојн голо, ем не се согласувам, ем го поддржувам тоа кое што не се согласувам, делувам смешно, рече тој.
Во текот на своето обраќање Мицкоски даде објаснување зошто тие како ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат законот за амнесија.
-Се дава амнестија за тешка телесна повреда, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, против правно лишување од слобода, грабнување, мачење и другo сурово нечовечно или понижувачко постапување и казнување, малтретирање во вршење на служба, загрозување на сигурност, нарушување на непроверливост на домот, злоупотреба на лични податоци, повреда на работа од работен однос, повреда на угледот на Република Македонија, излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците, одземање на малолетник, запуштање и малтретирање на малолетно лице, пренесување заразна болест, неовластано производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и останато, овозможување на употреба на наркотични дроги, тешки дела против здравјето на луѓето и така натаму, узурпација на недвижности, мачење животни, кражба, предизвикување тешка гражба, безсправно грдење, уцена, измама,лихварство, рече Мицкоски.
Имено, Мицкоски во врска со овој закон додаде дека со овој закон за амнесијата излегуваат од слобода помагачите од случајот Монструм.
-Со овој закон излегуваат на слобода помагачите од случајот Монструм, вака како што е скроен, вели тој.
Мицкоски порача доколку Ковачевски не се согласувал со овој закон можел на владина седница да каже дека овој закон не го става во собраниска процедура.
-Овој закон дошол на владина седница и на владина седница можел тоа да го постави како прашање, ако бил толку многу загрижен и тогаш можел да каже јас овој закон не го ставам во собраниска процедура додека ова не се тргне од законот, додаде Мицкоски.