Царинските давачки за овошјето и зеленчукот од 65% се намалуваат на 10% – затоа ПЛАЌАВМЕ НАЈСКАПИ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК во време кога нè сотреа со цените

Владата утринава донела одлука, со која царинските давачки на овошјето и зеленчукот од 65,45 и 35% се намалуваат на 10%, обелодени денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Ова важи за речиси сите производи од овие категории, освен доматите, краставиците и пиперките, имајќи во предвид дека ќе им се даде дополнителен рок на производителите до 1-ви декември за да го снабдуваат и македонскиот пазар. Одлуката стапува на сила веднаш.

Според министерот, маркетите прават измами со непочитување на владините мерки за „гарантирана цена“ и поради тоа се затвораат и добиваат парични казни.