Маричиќ со секситички гестикулации кон Стојаноска: Срам за македонското и европското знаме, срам за машкиот пол!!!
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска со Фејсбук статус му одговори на министерот Маричиќ, кој денеска со сексистичка гестикулација ја нападна и навреди.
Таа на фејсбук статусот напиша:
Бакнежи и намигања – дома!!!
Срам за двете знамиња позади!!!
Срам за машкиот пол!!
Позди камера е лесно да си “мачо-мен”
Лигав Вицепремиер
Реагираа и пратениците од пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“.
Исфрустрираниот и сексуално загрозениот Бојан Маричиќ, простак и срам за целиот машки пол, денес упатуваше бакнежи од место кон пратеничката и моја драга колешка Дафина Стојаноска додека истата зборуваше на собраниската говорница.
– Барам премиерот веднаш да го разреши овој човек кој е недостоен да биде Министер.
– Ова не смее да остане така затоа што овој примитивец е срам за машкиот пол, општествените вредности и Македонија!, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот Љупчо Пренџов.