Новинарот на ФАЦ: Мицкоски во интервјуто ниту еднаш не го употреби името Cеверна Македонија, туку постојано ја нарекуваше својата земја Македонија

Новинарот на ФАЦ, Михаел Мартенс, кој го правеше интервјуто со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по испратениот демант се корегира и објаснува дека Мицкоски никогаш не го користел името Cеверна Македонија, туку Македонија.

Забелешка: Мицкоски во текот на целото интервју никогаш не го користеше официјалното државно име „Cеверна Македонија“, туку постојано ја нарекуваше својата земја под нејзиното старо име „Македонија“. Ќе биде интересно да се види како ќе реагира Грција доколку ова го направи Мицкоски и како премиер“, пишува на Твитер новинарот Михаел Мартенс.