Сарацин призна ДЕКА ЗНААТ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ГО САКААТ ДОГОВОРОТ
Политички гледано, вие самите треба да си поставите рок до декември. Не зашто ќе ве мразиме по тоа или ќе ви се смееме, туку зашто времињата се менуваат и големи работи се случуваат во Европа, а тоа лесно се потценува зашто изгледа дека војната ќе трае долго време, изјавил специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин за Клик Плус на ТВ21.
Според него можеби на советот во декември ќе се случи историскиот миг.
Мислам дека ова е нешто ново што треба да им се објасни на Македонците. Драги наши Македонци, знаеме дека го мразите договорот, но сега имате историска шанса. Не пропуштајте ја, нагласил специјалниот пратеник.
Сарацин додал дека Албанија може сама да продолжи по патот до ЕУ ако Македонија не го смени Уставот.
Мислам дека мојата способност да го задржам својот став се намалува секој ден. Албанија е способна сама да чекори кон ЕУ. Ако Советот изгласа едногласно, можно е, но сѐ уште не се знае, кажал Сарацин.