Високи државни функционери во Македонија, АМА НАВИВААТ ЗА АЛБАНИЈА

Високи функционери во Македонија, навиваат за Албанија. Артан Груби кој ја доби функцијата прв вицепремиер односно заменик на премиерот, заедно со Крешник Бектеши министерот за финансии не се пофалија од фудбалски натпревар на Македонија, туку на Албанија.

Албанската фудбалска репрезентација синоќа ја совлада Полска во квалификациите и го продолжи својот пат кон пласман на Европското првенство 2024. Дел од настанот беа и министерот за политички систем и односи за заедниците, Артан Груби, како и министерот за економија и негов партиски колега Крешник Бектеши.

Двајцата членови на македонската влада заедно со своите синови присуствуваа на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана и сведочеа на големата победа на нашиот западен сосед.

Албанија е прва во својата група со 10 бодови од пет натпревари, пред Чешка, Молдавија и Полска. На Европското првенсто во Германија заминуваат двете првопласирани.