Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Дарко Каевски: Со промашените политики на СДСМ реалните плати во Македонија се намалија за 5% во 2022-ра

Со промашените политики на СДС реалните плати во Македонија се намалија за 5% во 2022. Иако народот добива навидум повеќе пари, всушност зема многу помалку. Платите и примањата не растат туку паѓаат. Куповната моќ на населението е намалена со СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот сè потешко преживува. Македонија има поголема инфлација од земјите во ЕУ, иако власта тврдеше дека инфлацијата е увезена, се потврди дека и за тоа лаже.

Со СДС и ДУИ на власт стана луксуз учениците да имаат книги, болните лекови, студентите нормален оброк. Шест години СДС и ДУИ, 6 години државата уназадува на секој чекор.

Со СДС и ДУИ 6 години само криминалот се развива. Со ваква криминална власт, државата не може да оди кон ЕУ, нема да мрдне ниту милиметар. Потребни се промени“ – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.