Kaтица Јанева за Велигден си беше дома во Гевгелија, Јанкуловска остана во затвор
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за Велигденските празници си беше дома во Гевгелија. Таа користела повеќедневно отсуство по што се вратила во затворот.
Директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јованоски во изјава за „Мак Факс“ потврди дека Јанева користела отсуство но и дека навреме се вратила на доиздржување на затворската казна која и истекува за три години.
Првата кои ги користи некогашната прва обвинителка не и се дозволени на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска поради тоа што против неа се водат уште два активни случаи.
Комисијата за дискриминација дури и констатираше дека е дикриминирана и наложи да се изготви нов правилник за женските осуденички за да може таа да минува викенди и отсуства со своето семејство