Мицкоски на средба со шведски дипломати: УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска оствари средба со заменик министерот за европски прашања на Шведска Кристијан Даниелсон и генералниот директор во министерството за надворешни работи Торбјорн Солстром, соопштија од партијата.
Во текот на средбата се говореше за актуелните проблеми со кои што се соочува Република Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски укажа дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Но, исто така потенцираше дека овој актуелен пратенички состав нема мандат од граѓаните да учествува во таков процес, додаваат тие.
ВМРО-ДПМНЕ се залага Македонија да стане рамноправна членка на ЕУ. Република Македонија треба да биде дел од големото европско семејство, посочил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата.
Исто така на средбата се говореше дека Македонија со оваа влада тоне во корупција и криминал. Македонија со владата на ДУИ поддржана од СДСМ запаѓа во се потешка економска криза и граѓаните осиромашуваат.
Во текот на разговорите се говореше и за нефункционалните мерки на власта кои не раѓаат со плод, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.