Јаневска: СДСМ се исмеваа мерките за подигнување на наталитетот, а денес имаме 5,4 проценти негатива

Mинатата влада презеде мерки зошто беше свесна што се случува и што допрва ќе се случува со наталитетот, потенцираше проф.Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ во вчерашната „24 анализа“.

Некои од мерките кои што минатата влада ги презеде, бидејќи беше свесна што се случува и што допрва ќе се случува за подигање на наталитетот во државата, и тоа беа мерки кои што беа прифатени во странство, но кај нас беа исмевани, со негодување, но тие дадоа резултат. Една од мерките беше давање на 8000 денари за трето родено дете, околу 11.000 за четврто родено дете, помош, но и стимулација. Потоа имавме мерка која велеше дека мајката со 4 деца во момент кога ќе исполни услови за пензија, доколку не ја исполнува пензијата по друг основ ќе добие пензија, па имавме кампања купи куќа-купи стан. Но, за жал, сето тоа се прекина за да денес имаме 5,4 проценти негатива за новородените. Миграцијата надвор од државата е сериозен проблем, вели Јаневска.

Постави одговор

Your email address will not be published.