За „Бектел и Енка“ ќе се менуваат Законите за земјоделско земјиште, експропријација, заштита на културно наследство, работни односи, за шуми и за градење
Дури девет закони ќе се менуваат за коридорите 8 и 10 што треба да ги гради “Бектел и Енка“.
Процедурата денеска треба да започне во Собранието што предизвика многу реакции во јавноста.Законот за земјоделско земјиште, експропријација, за заштита на културно наследство, урбанистичко планирање, минерални суровини, работни односи, законите за шумите и за градење, се законите кои мора да претрпат измени.
Турско-американскиот конзорциум ќе биде слободен од плаќање на ДДВ а ќе му се враќа и акцизата на енергенти.
Она што предизвика најмногу внимание за овие измени е што доколку за време на изградбата се дојде до некое археолошко наоѓалиште.
Со измените тоатреба да се пријави само до надзорниот инженер, а не кај Министерството за внатрешни работи.
За новиот инвеститор ќе се менуваат и Законите за шуми, односно пренамената на шумата и шумското земјиште ќе се смета за завршена и погодна за запис во катастарот на недвижности, без потреба инвеститорот да спроведува дополнителни процедури „или да добие каква било согласност, одобрение или која било друга одлука или документ од кој било орган“.