Уништување на македонското културно наследство по терк на Артан Груби – кон предлогот за измени и дополнувања на Законот за заштита на културно наследство

Владата на ДУИ-СДС предлага скандалозна измена на Законот за заштита на културното наследство по итна постапка со цел што побрза реализација на Коридорот 8 на Артан Груби. Во ваквата неразумна законска измама се крие голема опасност за културното наследство на Македонија, велат од Комисијата за култута на ВМРО-ДПМНЕ.

– Имено, ДУИ ја става изградбата на овој коридор над постоечката законска регулатива за заштитеното културно наследство. Така, наместо со Законот пропишаната регулатива во членот 65 (доколку изведувачот на градежните работи дојде до археолошко наоѓалиште е должен веднаш истото да го пријави во надлежната културна установа за заштита), Владата на ДУИ и СДС по кратка постапка бара вметнување нов став во членот 65 со кој се заобиколува оваа процедура и конкретно, членот 129 кој ја дефинира постапката.

Власта, повикувајќи се на јавниот интерес, прави обид културното наследство да го претстави како нечиј личен интерес, а не темел на државноста. При идните градежни активности, со предлог- измените на Законот се предвидува надлежната установа за заштита да биде едноставно премостена и потенцијалните археолошки откритија да бидат пријавувани кај надзорниот инженер на Коридорот 8, без да се нагласи за каков инженер се работи. Тој, „надзорниот инженер“, ќе стане фактор кој ќе ги обезбедува археолошките наоди и ќе го зачува местото и состојбата во кои тие се најдени.

Поразителен е фактот што со овој Предлог-закон се предвидува известувањето да дојде до „надзорниот инженер“ на Коридорот кој нема апсолутно никакво познавање од археологијата и културното наследство. Тој ќе треба лично да утврди што се нашло при работата и што од најденото се уништило. Надзорниот инженер треба да утврди дали на местото има културно наследство или не, а притоа тој нема никакво познавање од оваа област.

Ова е навредувачки став и однос кон македонската археолошка и заштитарска стручна фела. Наместо стручни лица од областа, културното наследство на Коридорот 8 ќе ни го чува и заштитува НАДЗОРНИОТ ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР!!! Ова е директен одраз на желбата на оваа власт, ДУИ-СДС, за незачувување и за маргинализација на македонското културно наследство. СДС во случајов, за да си ја спаси и онаа малку кожа што ѝ преостана, не си го продава, ами за бадијала си ги раскрчмува културните докази за македонското постоење.

Впрочем, оваа јасно манифестирана негрижа, воочлива е и во неодамнешната изјава на министерката за култура која пред јавноста објаснуваше дека не е ништо страшно Охридскиот Регион да биде ставен на листата за културно наследство во опасност на УНЕСКО. Според Бисера Констадиновска-Стојчевска, за нас како држава тоа би значело и поголем пристап до фондовите кои би можеле да ги користиме, а потоа по исполнувањето на одредени препораки повторно ќе биде вратен и тоа, замислете, имало можност и за неколку места погоре! Да не е смешно, ќе биде иронично, но за жал, не е! Ќе се уништува културното наследство, а потоа со фондови подобро ќе се чува! Оваа алчна Влада на која главна преокупација ѝ се пари, не’ донесе до овој скандалозен Предлог-закон кој никако не смее да помине!

Го праша ли некој УНЕСКО што мисли за овој обид на заобиколување на Законот за заштита на културното наследство за археолошките наоѓалиште при градба?

Зад овој Предлог-закон се кријат многу нешта. Со него, заштитата на македонското културно наследство ќе биде поставена на законските маргини. Токму со тоа, ќе биде дадено зелено светло за трајно уништување на македонското културно наследство.

Ако ова не е аларм за реакција на некои структури во Министерството за „култура“, тогаш навистина таму продолжуваат да „копаат“ и кога ќе го достигнат дното, велат од Комисијата.