Стоилковски: Ниту багер, ниту работник за Коридор 8, уште една празна нива по скапа церемонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски ја обвини власта дека и по два дена од скапата церемонија за почеток на градбата на Коридорот 8, на местото нема ништо од работа, нема механизација, нема работници, нема почеток на градба.

– Токму на ова место пред два дена се одржа скапа церемонија за почеток на градбата на Коридор 8. И по два дена нема ништо од работа, нема механизација, нема работници, нема почеток на градба, апсолутно ништо. Нема ништо, уште една празна нива, празен градежен плац посеан со лаги. СДС и ДУИ се церемонијал, мајстори за промоција на проекти и инвестиции што потоа никаде ги нема.

Дали церемонијата беше потребна за да се испере Артан Груби од скандалот поврзан со градбата на Коридорот 8 и 10 или беше потребно за да се обезбедат пари за фирма миленичка на ДУИ, ако веќе нема пари за печатење на учебници?

Ова празна нива е вистината за владеењето и за лагите на СДС и ДУИ. Ова е сликата за иднината со СДС и ДУИ, скапи церемонии, скапи свечености, фирми блиски до ДУИ и СДС и празни градежни плацеви. Само избори се спасот од тонењето на Македонија, рече Стоилковски.