Пратениците земаа поголема плата: За осум дена 16.000 денари повеќе

Пратениците веќе за само осум дена од минатиот месец на своите сметки добиле во просек по 16 000 денари плус, а ако нешто не се смени нивната плата во иднина би била околу 1.750 евра, а на министрите пак околу 1.850 евра.

Ова следува по одлуката на Уставниот суд за укинување на замрзнатата основица.