Дали ќе се намалат коефициентите за пресметување на платите на функционерите?
Владата на седница се очекува да ја разгледува можноста за намалување на коефициентите за пресметување на платите на функционерите, кои според последната одлука на Уставниот суд предвидено е да се зголемат за неверојатни 78 проценти, објави Канал 5.
За платите на функционерите имаше бурни реакции во јавноста.
„Речиси половина милион жители живеат во сиромаштија, а Ковачевски нема абер да го намали коефициентот на пресметка на платите на функционерите, кои после одлуката на Уставниот суд треба да земат 78 отсто повисоки плати.Среде сиромаштија и економски колапс Ковачевски и екипата ги покачуваат своите плати. Тоа е безсрамно“, тврдеа од ВМРО-ДПМНЕ.
Уставниот суд со својата одлука наложи да се избрише членот 4 од Законот за плати и други надоместоци на избрани и именувани лица и да се почитува членот 11 со кој се утврдува дека основица за пресметка на платата на избраните лица е просечната исплатена месечна плата по вработен во државата за претходната година.