Македонската армија помогна во успешната акција за извлекување на 5 годишно дете од урнатините во Кахраманмараш.
Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираа во успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините.
По шестчасовно расчистување на рушевините и дополнителни четири часа успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман, се вели во соопштението од АРМ.