ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се држат на власт со криминални структури, уценуваат пратеници за да не им падне владата, а немаат кворум 3 недели за да одржат седница

СДС и ДУИ се држат на власт со криминални структури, уценуваат пратеници за да не им падне владата, а немаат кворум 3 недели за да одржат седница. Владејачкото мнозинство е целосно нефункционално, сите закони им се закочени дел на комисии, дел на пленарна, и сето тоа затоа што немаат ниту 61 пратеник и затоа што меѓу себе не можат да се договорат во криминалот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС и ДУИ функционираат пазарџиски, и целата држава е заложник на една тесна клика на врвот на власта, која сака ден повеќе да остане на своите позиции за да прават криминал и да крадат. Не смее да се заборави дека оваа власт потроши 20 милијарди евра буџети изминативе години, а луѓе умираат затоа што не купиле лекови. Оваа власт троши милијарди, а нема ниту еден проект, сите инфраструктурни проекти се закочени и ништо не се работи. И додека власта краде, таа го задолжува народот, јавниот долг е до сега историски највисок, и изнесува 7.7 милијарди евра, тоа значи дека власта краде пари кои ги нема, се позајмени и утре треба да ги враќаат идните генерации, истакнуваат од партијата.