Пак евакуација: Дојави за бомби во 12 средни училишта во Скопје, ГТЦ, Ист гејт мол, Сити мол, Џевахир сити…

Дванаесет средни училишта во Скопје, Гратскиот трговски центар, Ист гејт мол, Транспортниот центар во Скопје, кулите на Џевахир сити како и трговскиот центар Сити мол добија закани по електронски патк дека ќе експлодира бомба. Од МВР официјално потврдуваат дека се прават безбедни евакуации на граѓани, а потоа ќе следат проверки. Дојави за бомби имаше и вчера во вкупно 33 основни и 9 средни училишта во Скопје. По проверките се утврди дека сите беа лажни.

„Денеска околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР. v