Радев ЕМ ЈА УЦЕНУВА МАКЕДОНИЈА ЕМ СЕ ЖАЛИ во Европа

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска преку видео-конференциска врска остварил разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Тој меѓу другото му се пожалил на официјалниот претставник на ЕУ за последните тензии и заострување на односите на релација Скопје-Софија.

„Декларираните амбиции на Република Македонија за влез во ЕУ во позадината на ескалацијата на антибугарската кампања во земјата, што доведе до злосторства од омраза, како што се палење и пукање врз бугарските културни клубови и насилство врз македонските Бугари и бугарските граѓани, беше меѓу ставовите искажани од Радев“, информираат од прес-центарот на бугарскиот претседател.

Ваквиот епилог на настаните следува после претепувањето на генсекот на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Тој по излегувањето од болницата во Софија вчера се сретна токму со Радев. Бугарскиот претседател упатил честитки до мајката на Пендиков, како што се вели во официјалното соопштение, што одгледала достоен син, а на македонскиот државјанин со бугарска самосвест за храброста да го одбрани своето бугарско име.

Според него, „односот на Македонија кон злосторствата врз македонските Бугари е од клучно значење не само за билатералните односи, туку и за европската перспектива на земјата“.