Само во 5 општини инвестиции од над милијарда денари во нови детски градинки, патна инфраструктура, паркови
Општините каде што градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ оваа година ќе доживуваат преродба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Се работи на секој чекор, се градат модерни и европски општини. Градежната офанзива и реализација на проектите покажуваат дека не се сите исти. Фокусот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е во исполнување на ветеното и создавање на позитивни промени, кои по промената на власта ќе се пресликаат и на централно ниво.
Преку градење и инвестирање во општините, се со цел решавање на најгорливите прашања на граѓаните се создава подобрување на животот на граѓаните.
Реализација на проектите кои се во согласност со барањата и потребите на граѓаните ќе бидат главниот мотор за локален економски развој.
Во Битола ќе се изгради новиот парк во нова Битола во вредност од 29 милиони денари, стационарот за бездомни животни вреден 56 милиони денари, како и инфраструктурно подобрување на влезот во Битола од страна на Прилеп.
Велешани ќе добијат нов затворен пазар кој ќе тежи 80 милиони денари, а се инвестира и во реконструкција на нови улици, изградба на кејот на реката Вардар, реконструкција на уличното осветлување и подобрување на патната инфраструктура.
Оваа година започнува и изградбата на Западен Булевар во Гевгелија кој за две фази ќе чини 85 милиони денари. Ќе се доизгради градинката „Сончогледи“, како и реконструкција на Младинските домови во Моин и во Богородица.
Општина Прилеп ќе изгради два кружни тека проект вреден 1,5 милиони евра, а ќе инвестира и во реконструкција на прилепските улици со што значително ќе го подобри сообраќајот во градот.
Промените на дело се чувствуваат и во Охрид, каде што е планирано да се изгради плоштадот „Крушевска Република“, капитален проект вреден 47 милиони денари, како и целосна реконструкција на улицата „Гоце Делчев“, проект тежок 36 милиони денари. Планирано е да се реконструира и плоштадот „Чинар“, како и изградба на прочистителна станица во село Трпејца, Љубаништа и Горно и Долно Лакочереј.
Во Радовиш ќе се изградат нови 5 фотоволтаични централи на пет јавни објекти, а вредност на проектот е 37 милиони денари, изградба на диспензиран систем за греење од обновливи извори на енергија вреден преку 56 милиони денари, а ќе се инвестира и во новиот обиколен пат вреден 10 милиони денари и конечно ќе се реши обиколницата во Радовиш.
Во Свети Николе ќе се изгради нов парк со памтрак и ново детско катче во вредност од 7,5 милиони денари, асфалтирање на улици, канализации во вредност од 20 милиони денари и ќе изгради нова балон-сала во СОУ Кочо Рацин во вредност од 9 милиони денари.
Градежна експанзија ќе започне и во општина Штип, се инвестираат 225 милиони денари за капитални инвестиции, од кои дел за изградба на три катни гаражи во вредност од 30 милиони денари, реконструкција на локални улици и брз модерен јавен превоз, како и инвестирање во развојни програми.
Љупчо Папазов, градоначалник на општина Кочани се обврзува да изгради објект за домување на лица од социјален ризик, реставрација на споменикот на Слободата во Кочани и опрема на мултикултурниот центар.
И во скопските општини Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров 2023 година ќе биде година на инфраструктурен бум, а ќе се инвестира во проекти од над една милијарда денари.
Ќе се асфалтираат над 30 улици, изградба на нови водоводи и канализации, нови зелени површини и многу инвестиции во образованието и спортот во општина Бутел.
Жителите на Трубарево во Гази Баба ќе добијат нова детска градинка, а учениците од Булачани ќе добијат нова училишна спортска сала. Ќе продолжи и изградбата на нови фекални канализациони системи, а ќе се асфалтираат и нови над 30 улици.
Во Аеродром ќе се инвестира во доградба и надградба на две основни училишта, „Блаже Конески“ и „Гоце Делчев“, како и изградба на две нови градинки.
Во Кисела Вода ќе се изгради нов мост на улицата Киро Фетак во населба Драчево, реконструкција на патната инфраструктура во 11 Октомври бараки, реконструкција на улици во повеќе населени места, како и уште една нова детска градинка во Расадник.
Ѓорче Петров ќе добие нов и прв регионален центар за рехабилитација на деца кои се избориле со карцином, а ќе се реконструираат и над 20 улици.
ВМРО-ДПМНЕ покажува дека со работа, труд, чесно, посветено, транспарентно и домаќински создава промени на дело.
Пристапот на ВМРО-ДПМНЕ е од народот, за народот, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.